Содржина:

Политика за приватност на УНИБанка АД Скопје. 1

Ваша приватност, наша обврска! 1

Улогата на Банката во заштита на личните податоци и Вашата приватност! 2

Кои се изворите на податоци кои ги користи Банката?. 2

Какви податоци и информации се користат од страна на Банката?. 3

Зошто и врз кој правен основ ги обработуваме Вашите податоци?. 3

-      Заради исполнување на договорни обврски. 3

-      Заради исполнување на законски обврски. 3

-      Заради остваурување на легитимните интереси на Банката. 4

-      Врз основа на Ваша согласност.. 4

Кој има пристап до Вашите лични податоци?. 5

Дали се врши пренос на Вашите лични податоци во трети земји или меѓународни организации?. 5

Колку долго се чуваат Вашите податоци?. 6

Кои се Вашите обврски за доставување на лични податоци?. 6

Дали се користи автоматско донесување на поединечни одлуки вклучувајќи и профилирање?. 7

Користење на колачиња „cookies“ и „web bugs“. 7

Вашите права како субјекти на лични податоци. 7

Со користењето на оваа интернет страница и запознавањето на оваа Политика, се согласувате со и ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на УНИБанка АД Скопје за начинот на обезбедување на услугите на Банката, преку формите за комуникација и достапни на нашата интернет страна. 9

 

Политика за приватност на УНИБанка АД Скопје

Ваша приватност, наша обврска!

Политиката за приватност ја демонстрира посветеноста на УНИБанка АД Скопје за грижата за клиентите и другите заинтересирани страни во делот на почитување на правото на заштита на личните податоци и правото на приватност.

Оваа политика се применува за сите видови информации што содржат ваши лични податоци, a кои Банката ги обработува согласно закон при користење на нашите услуги.

Оваа политика дава преглед на начинот на кој се прибираат, обработуваат, пренесуваат и чуваат Вашите лични податоци и правата кои се загарантирани за субјектите на личните податоци согласно позитивната регулатива.

Заради Ваша информираност препорачуваме повременода ја прегледувате оваа Политика за приватност која е објавена на нашата веб страна од причина што заради имплементирање на нови технологии, развој на веб страната или измени во регулативата може да дојде до одредени нејзини измени или прилагодувања зависно од настанатите промени.

Улогата на Банката во заштита на личните податоци и Вашата приватност!

УНИБанка АД Скопје како контролор ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци и применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди дека нивната обработка се врши во согласност со закон.

Вработените во Банката или лица ангажирани како обработувачи врз основа на посебни договори ја вршат обработката вклучувајќи ја и обработката на податоците поврзани со on – line услугите достапни преку интернет страната и мобилната апликација за електронско банкарство на Банката, согласно оваа политика, нивните работни задолженија, останатите политики и процедури на Банката, а особено Правилникот за заштита на лични податоци во кој се дефинирани Основните правила и принципи за заштита на личните податоци и приватноста во УНИБанка АД Скопје и Политика за системот за заштита на личните податоци.

Со цел обезбедување на транспарентни информации за начинот на обработка на Вашите податоци и начинот на остварување на Вашите права како субјекти на лични податоци, Ве информираме дека за сите прашања од областа на заштита на личните податоци и приватноста може да се обратите на следните контактни податоци:

Контакт за контролор: УНИБанка АД Скопје;

Адреса: ул.„Максим Горки“ бр.6, 1000 Скопје

Тел. 02 311 1111

Контакт за офицер за заштита на лични податоци:

e-mail: zlp@unibank.com.mk

тел.02 3286094.

 

Кои се изворите на податоци кои ги користи Банката?

Податоците кои ги обработува Банката при вршење на својата дејност се добиваат од следните извори:

-        Лични податоци кои ги добиваме од Вас при засновање на деловните односи;

-        Лични податоци кои се прибираат врз основа на закон или од јавно достапни извори (како на пимер: КИБС АД Скопје, Управа за јавни приходи, Кредитен регистар, Агенција за катастар на недвижности, извршители, нотари, кредитни бироа, Финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, судови, обвинителства, како и од други институции и трети лица регулирано со законските прописи).

-        Лични и други податоци и информации кои се прибираат при користење на интернет страната и on – line услугите за електронско банкарство на Банката достапни преку мобилната апликација и веб страната на Банката.  

Какви податоци и информации се користат од страна на Банката?

Банката во рамките на редовното работење може да ги прибира и обработува следните категории на податоци:

-        Основни категории на лични податоци: име и презиме, родено презиме, татково име, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, државјанство, број на важечки документ за лична идентификација, пол.

-        Социодемографски податоци и податоци за вработување: брачен статус, број на издржувани лица од субјектот, стручна спрема, звање, работен стаж, живеалиште, назив на работодавец, вид на работен однос и сл.;

-        Контакт податоци: број на телефон фиксен/мобилен, е-меил адреса, контакт адреса (доколку е различна од адресата од лична карта);

-        Податоци за финансиската состојба: редовни месечни примања и други приходи, податоци за обврски по кредити, административни забрани и сл;

-        Податоци за користење на дигитални медиуми (веб страна и апликации): информации за пребарувачот, IP адресата, уредот со кој се пристапува, начинот на конзумирање на информациите на дигиталните медиуми, посетените страници, сообраќајот и локацијата;

-        Видео податоци од системот за видео надзор.

Зошто и врз кој правен основ ги обработуваме Вашите податоци?

-        Заради исполнување на договорни обврски

Банката врши обработка на лични податоци со цел да може да се извршуваат банкарските трансакции и финансиски услуги согласно договорните обврски или како претходни чекори пред склучување на договори.

Во зависност од конкретниот производ/услуга на кој се однесува од договорниот/преддоговорниот однос се утврдуваат и конкретните цели и видот на податоците на обработка (пример: за извршување на трансакција на шалтер се обработуваат податоци за лична идентификација, а за склучување на договор за хипотекарен кредит се обработуваат покрај лични и социодемографски, податоци за вработување, контакт податоци и сл.).

 

-        Заради исполнување на законски обврски

Согласно законската регулатива (како на пр. Закон за банки, Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, даночна регулатива, регулативата од НБРМ и сл.), Банката има обврска да обработува лични податоци за различни потреби, како на пример проверка на кредитоспособност, идентификација за цели на прописите за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, потврдување на индентитет при засновање деловен однос, исполнување на обврски од областа на даночната регулатива и сл.

-           Заради остварување на легитимните интереси на Банката

Заради заштита на легитимните интереси на Банката или на трета страна, како што се правата на акционерите и исполнување на обврските кон регулаторите, Банката може да ги обработува податоците и пошироко од договорните обврски.

Целите на обработка во ваквите случаи се тесно поврзани со конкретниот производ/услуга и може да вклучуваат барања за анализа, обезбедување на мислење, управување со средства и извршување на трансакции.

Така на пример, обработка на податоци врз основа на легитимни интереси се врши при или заради:

-        Размена на податоци со кредитни агенции заради идентификација на ризици;

-        Евалуација и оптимизација на процедурите за анализа на побарувачката и обезбедување на директен пристап кон клиентите, пр.сегментација на клиентите, маркетинг или истражување на пазар и мислење на корисниците на услугите на Банката во случаи кога нема приговор од страна на субјектите на лични податоци на ваквата обработка;

-        Видео надзор за заштита на имотот и средствата на Банката, вработените и корисниците на нашите услуги од криминални активности, како и обезбедување на докази во постапките во случај на кражба, измама, оштетување на имотот/средствата на Банката и сл.;

-        Превенирање криминални активности;

-        Обезбедување на сигурноста и безбедноста на информативниот систем на Банката;

-        Заштита на правните интереси на Банката во постапки за наплата на побарувањата;

-        Активности насочени кон управување со деловните активности и развој на нови производи и услуги;

-        Управување со ризици;

-        Да одговориме на Вашите барања кои сте ги поставиле преку користење на веб страната на Банката;

-        Да Ве известуваме за промените на сајтот и да овозможиме да учествувате во одредени интерактивни активности, наградни игри, анкети и слично;

-        Да осигуриме дека содржината на веб страната е презентирана на најефективен начин на Вашиот уред и да обезбедиме соодветна корисничка поддршка;

-        Да анализираме и да обезбедиме информации за начинот на кој се користат содржините од веб страната и нашите рекламни пораки;

-        Да детектираме и спречиме евентуални злоупотреби при користење на содржините на веб страната или нашите услуги;

-        За администрација на информативниот систем се користат и разни статистички податоци кои не вклучуваат лична идентификација како што се податоци за IP адреси, тип на оперативен систем и пребарувач. 

-        Врз основа на Ваша согласност

Врз основа на Ваша претходно дадена согласност за определена намена (на пример трансфер на податоци во рамки на групата поврзани лица со Банката, маректиншки цели и сл.), Банката може да ги врши конкретните обработки кои се стриктно повразни со дадената согласност.

Согласно законската регулатива, Вашата согласност може да биде повлечена во секое време врз основа на Ваша писмена изјава и истата ќе се применува при идните операции на обработка на тие Ваши лични податоци, односно ќе има дејство во иднина и нема да се применува на претходно изведените операции на обработка (на пример согласност за примање на понуди од страна на Банката преку телефонските контакти и сл.).

Преку функционалностаПлати на пријател, при користење на мобилната апликација, Банката врши  обработка на телефонски број од Вашата контакт листа, со цел поврзување на истиот со конкретната сметка во Банката. Вашиот контакт број нема да се чува на серверите во Банката. Истиот се користи само за идентификација.

За таа цел може да се обратите на контакт адресите за контролорот и офицерот за заштита на личните податоци, наведени погоре.

 

Кој има пристап до Вашите лични податоци?

Заради исполнување на законските обврски на Банката како контролор во однос на осигурување на безбедноста на обработка на личните податоци и согласно политиките и процедурите на Банката кои се дел од системот за обезбедување на техничка и интегрирана заштита на процесите на обработка на Вашите податоци, пристап до податоците имаат:

-        Вработените во Банката заради исполнување на нивните работни обврски и во обем дефиниран со овластување за пристап и обработка;

-        Органи на државната власт, државни органи и институции кои вршат јавни овластувања заради исполнување на законските обврски;

-        Други кредитни и институции за финансиски услуги до кои се доставуваат податоци заради извршување на деловните односи со Вас како клиенти (пример депозитарни банки, берза, фондови, коресподентни банки, извршување на трансакции со кредитни картички и сл.);

-        Даватели на услуги и агенти кои ги користи Банката заради извршување на деловните активности (на пример: кредитни услуги, услуги во инфромативната технологија, логистика, телекомуникации, советодавни и консултантски услуги, маркетинг и продажба и сл.)

Вашите податоци до наведените лица и органи се доставуваат и обработуваат единствено врз основа на Ваша лична согласност, законска обврска или легитимен интерес.

Надворешно лице како обработувач на лични податоци или како обезбедувач на услуги може да има пристап до Вашите лични податоци исклучиво врз основа на претходно извршена проверка, склучен договор и обезбедена гаранција дека ги исполнува законските услови за вршење на обработка на лични податоци кои се задолжителни за обработка во име и за сметка на Банката.

Дали се врши пренос на Вашите лични податоци во трети земји или меѓународни организации?

Вашите лични податоци може да бидат предмет на трансфер во трети земји или меѓународни организации единствено доколку тоа се бара со цел извршување на налози, законска обврска или Ваше барање/согласност за пренос на податоци.

Третата земја/меѓународна организација мора да докаже дека ги исполнува условите заштита и безбедност на обработката на Вашите лични податоци, а трансферот може да биде извршен:

-        врз основа на одлука за соодветност;

-        врз основа на соодветни заштитни мерки;

-        врз основа на задолжителни корпоративни правила;

-        врз основа на меѓународен договор; и

-        како отстапувања за специфични ситуации (субјектот да има дадено изречна согласност, преносот да е неопходен заради извршување на договор меѓу субјектот и Банката или за спроведување на преддоговорни мерки, преносот да е неопходен за склучување или извршување на договор склучен меѓу контролорот или друго физичко или правно лице, а во интерес на субјектот; поради важни причини од јавен интерес; заради воспоставување, остварување или одбрана на правни барања; за да се заштитат суштинските интереси на субјектот или на други лица, каде што субјектот е физички или деловно неспособен да даде согласност).

Колку долго се чуваат Вашите податоци?

Деловните односи помеѓу Банката и Вас како клиенти се дизајнирани да траат долгорочно, а Вашите податоци се обработуваат во корелација со времетраењето на тие деловни односи.

Роквите на чување на останатите податоци кои се прибираат и обработуваат на начините како што е споменато погоре зависат од обврските предвидени во законската регулатива и може да бидат од 5 (пет) до 10 (десет) години, а во некои случаи и по повеќе години по завршување на деловниот однос со клиентот.

Кои се Вашите обврски за доставување на лични податоци?

Во рамките на делокругот на Вашата деловна соработка со нас како Банка имате обврска за доставување оние лични податоци кои се неопходни за воспоставување или извршување на договорни обврски или кои ние како Банка сме законски обврзани да ги прибираме.

Што се однесува на договорните односи, Банката нема да може да воспостави и да извршува вакви обврски без неопходните лични податоци, односно ќе мора да го прекине извршувањето на договорите.

Што се однесува до законските обврски, како на пример Законот за спречување перење на пари и финансирање на тероризам, Банката е должна да обезбеди податоци за Ваша идентификација како наш клиент (на пример име, презиме, место и датум на раѓање, државјанство, адреса и друго, како и копија од документот за лична идентификација) и да ги ажурира овие податоци на определени временски интервали за времетраењето на деловниот однос.

Во случај на промена на некои од личните податоци кои се однесуваат на Вас, имате обврска да не известите за сите промени кои се релевантни за воспоставениот деловен однос.

Дали се користи автоматско донесување на поединечни одлуки вклучувајќи и профилирање?

 Во извршување на деловните активности, Банката не применува процедури за целосно автоматизирано донесување на одлуки, а доколку некогаш се применат вакви процедури во поединечни случаи, за истото, таму каде што е неопходно ќе бидете информирани и ќе биде обезбедена гаранција за Вашите права предвидени со законската регулатива.

Во однос на профилирањето, Банката применува одредени делумно автоматизирани процеси на обработка заради анализа, оценување и предвидување на одредени лични аспекти во следните ситуации:

-        со цел обезбедување на таргетирани информации и совети во врска со производите и услугите кои ги нуди Банката, маркетинг комуникација и огласување, вклучително и истражување на пазарот и мислењето на потрошувачите, а врз основа на дадена согласнот;

-        при оценка на кредитоспособност на клиентите со што се земаат предвид следните атрибути: приходи, трошоци, постојни обврски, професија, должина на работен стаж, кредитна историја и слично;

-        при извршување на активностите согласно законските обврски за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, како на пример: анализа на платежни трансакции, анализа на клиенти по земја на потекло и слично.

Користење на колачиња „cookies“ и „web bugs“.

Банката користи колачиња и слични технологии со цел подобрување на корисничкото искуство и подобрување на содржината на веб страната на Банката и заради обезбедување на сигурност и безбедност на информативниот систем.

Различните видови на колачиња се користат за функционални и статистички цели, со тоа што:

-        колачињата кои се користат за функционални цели се неопходни за да може да се користат основните функции на веб страната на Банката и без користење на овие колачиња не постои можност за обезбедување на функционалноста на страната;

-        колачињата кои се користат за статистички цели собираат информации за начинот на конзумирање на соодржините на веб страната на Банката и овие податоци не се поврзуваат со идентификација на конкретен посетител (такви податоци се на пр.број на кликови на една страна во даден период на време, фрекфенција на интернет сообраќај во даден период време на дадена веб страна и сл.). За користење на овие податоци е овозможено обезбедување на согласноста од страна на корисниците на услугите.  

При користење на услугите на нашата веб страна се појавува информација за користење на колачиња и можноста за изразување на Ваша согласност за секој конкретен тип на колачиња.

Вашите права како субјекти на лични податоци.

Како субјекти на лични податоци, Банката го овозможува користењето и го гарантира почитувањето на Вашите права кои се однесуваат на:

-        информации кои се обезбедуваат при прибирање на личните податоци;

-        правото на пристап до Вашите лични податоци;

-        правото на исправка на Вашите лични податоци;

-        правото на бришење на Вашите лични податоци;

-        правото на ограничување на обработката на Вашите лични податоци;

-        правото на преносливост на податоците;

-        правото на приговор; и

-        правото на заштита против автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање.

Вашите права како субјекти на лични податоци може да бидат ограничени кога таквото ограничување е предвидено со законската регулатива, кога е во согласност со суштината на основните права и слободи и претставува неопходна и пропорционална мерка со цел да се обезбеди националната безбедност; одбраната; јавната безбедност; превенција, истрага, откривање или гонење на сторителите на кривични дела или извршување на изречените казнени санкции, вклучувајќи превенција и спречување на закани за јавната безбедност; други важни цели од општ јавен интерес за Република Северна Македонија, а особено важен економски или финансиски интерес на Република Северна Македонија, вклучувајќи монетарни, буџетски и даночни прашања, јавно здравје и социјална заштита; заштита на независноста на судовите и судските постапки; превенција, истрага, откривање и гонење на прекршувањето на етичките правила за регулираните професии; следење, инспекциски надзор или регулаторни функции кои се поврзани со исполнување на надлежностите на органите на државната власт; заштита на субјектот на личните податоци или на правата и слободите на други физички лица; спроведување на барањата во граѓански постапки.

Што се однесува до правото на приговор како клиенти на Банката, имате право на приговор во секое време во врска со конкретна обработка на личните податоци во случај на обработка поврзана со законски или легитимен интерес, освен во случај кога таквите интереси преовладуваат над Вашите интереси или основните права и слободи (особено во случаи кога се работи за лични податоци на дете).

Во случај на обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг, имате право во секое време да поднесете приговор на таквата обработка поврзана со тој вид на маркетинг, кој вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг.

Во случај на приговор за обработка на личните податоци поврзан со директен маркетинг, Банката согласно законот ќе го запре натамошното обработување на личните податоци за таа цел.

Правото на приговор и другите Ваши права гарантирани со Законот за заштита на личните податоци може да се остваруваат таму каде што е обезбедено преку автоматски средства со користење на технички спецификации од страна на Банката или со адресирање на приговорот/барањето во писмена или електронска форма согласно закон до:

УНИБанка АД Скопје

Ул. Максим Горки бр.6

1000, Скопје, Република Северна Македонија,

Или до:

Офицер за заштита на лични податоци

Ул. Максим Горки бр.6

1000, Скопје, Република Северна Македонија,

E-mail: zlp@unibank.com.mk

Со користењето на оваа интернет страница и запознавањето на оваа Политика, се согласувате со и ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на УНИБанка АД Скопје за начинот на обезбедување на услугите на Банката преку формите за комуникација и достапни на нашата интернет страна.